По болниот пораз од Аргентина во финалето на Светското првенство во 2022 година, селекторот Дидие Дешамп одби да ја коментира својата иднина. Неговиот договор со Француската фудбалска федерација истекува на крајот на годината, а претседателот Ноел Ле Грае сака да се обнови договорот. Според „Л’Екип“, Дешамп ќе се согласи, но ќе инсистира да ја води селекцијата на Светското првенство во 2026 година, а не само на Евро 2024 година.
Во наредните денови се очекува средба меѓу стратегот и Ле Грае на која ќе се разговара за деталите од новиот договор.