Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Дешамп доби уште еден стадион со неговото име
    Фудбал

    Дешамп доби уште еден стадион со неговото име

    risteBy riste13/09/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Селекторот на Светскиот шампион Франција Дидие Дешамп веќе може да биде горд на два стадиони кои го носат негово име. Ова стана факт, откако вчера објектот „Стад маркет” во Монако беше преименувано во „Стад Дидие Дешамп” во чест на титулата од Мундијалот 2018.

    Причината за изборот на овој стадион, кој е само на неколку метри од „Луј II” на локалниот тим Монако, е тоа што токму тренерот живее во регионот од 2001 година, кога во тоа време го водеше овој тим. Како што е познато, веќе постои стадион кој го носи името на Дешамп во Бајон, каде што е родното место на Дешамп.

    На официјалната церемонија присуствуваа 500 лица, освен самиот селектор, таму беа неговата сопруга Клод и неговиот син Дилан, кои му беа голема поддршка ова лето ога ја освои титулата на СП во Русија.

    „За мене и моето семејство е голема чест што нашето семејно име ќе биде поврзано со овој убав стадион. Најважни се младите фудбалери. Се радувам кога гледам насмевки на нивните лица, солзи радосници и среќа, тоа е она што ми е многу важно”, рече Дешамп на свеченоста.

    Дешамп е еден од само тројцата (заедно со Марио Загало и Франц Бекенбауер), кои станале светски шампиони и како играч и како селектор. Ова тој го постигна на Мундијалот 1998 како капитен на Франција и на светското првенството ова лето како нивен селектор.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина

    20/03/2023

    Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда

    20/03/2023

    Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 

    20/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.