Светскиот фудбалски шампион, Франција вчера загуби на теренот на Холандија со 2 спрема 0 во рамките на претпоследното коло во Лигата на нации. Селекторот на „триколорите“, Дидие Дидие Дешамп, вели дека неговите избраници одиграле под очекувањата и дека домаќините повеќе ја посакувале победата.
„Заслужен пораз од холандскиот состав кој покажа квалитет и желба за победа. Тие и претходно покажаа дека имаат квалитет и дека можат да победат на секој меч“ – вели тренерот на Франција.
„Ние имавме многу слаби точки на теренот. Разликата во играта беше видлива во повеќе сегменти. Нашата цел беше да го обезбедиме првото место во групата, но, тоа не се случи. Сега тоа не зависи само од нас” – изјави Дешамп по натпреварот во Холандија.

