Селекторот на фудбалерите на Франција, Дидие Дешам, вели дека цели 60 минути неговиот тим бил во втор план на вчерашниот финален меч со Аргентина на Мундијалот во Катар.
„Противникот покажа многу квалитет, агресивност, бевме полоши. Се вративме од никаде. Да губевме со 3-0 немаше да жалиме, само ќе му честитавме на противникот“ – вели Дешамп.
„Триколорите“ во финалето загубија од „гаучосите“ по изведувањето на пенали откако во регуларниот дел беше 2:2 а во продолжението двете селекции постигнаа по еден гол.