Селекторот на фудбалерите на Франција, Дидие Дешамп, не е сигурен дека Килијан Мбапе кој заработи скршеница на носот на првиот меч на Европското првенство против Австрија, ќе може да игра утре против Полска.
Брзоногиот напаѓач кој ќе мора да игра со маска на лицето мораше да го прескокне мечот од второто коло против Холандија кој заврши без голови. „Триколорите“ утре во последната рунда по групи ќе излезат на мегдан со Полјаците.
„Работите одат во посакувана насока. Килијан се навикнува на маската “ – потенцираше Дешамп без да даде конкретен одговор на прашањето дали ќе го пушти Мбапе да игра.