Францускиот селектор, Дидие Дешамп, изјави дека е уверен дека неговите избраници можат да ја победат Аргентина во финалето на Светското првенство.
„Гаучосите“ денеска ќе имаат голема поддршка од околу 50.000 навивачи додека Французите ќе бидат далеку во помал број.
„ Тоа е страсна нација која живее за фудбалот. Сакаат да ја освојат титулата поради Лионел Меси. Нашиот ривал не е на трибините, туку на теренот“ – потенцираше Дешамп.