Фудбалската репрезентација на Франција вчера успеа да ја совлада Белгија со минимални 1:0 и да си обезбеди место меѓу најдобрите осум на тековниот евро-шампионат во Германија.
Селекторот на „галските петли“, Дидие Дешамп, нагласи дека двете селекции биле приморани да одиграат крајно внимателен меч без ризик но, дека Франција заслужила да победи.
„Ние креиравме повеќе шанси. Нашиот единствен проблем е слабата реализација“- потенцираше Дешамп.

