Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп призна дека по неговото заминување на кормилото на „галските петли“ сака да почне клупска работа.
„Сакам да имам живот и по Франција“, изјави поранешниот тренер на Монако, Јувентус и Олимпик Марсеј, чиј договор со националната федерација истекува во 2022 година.
„Искрено, не знам кој, но знам дека ќе биде и убаво. Секогаш постои можност да се вратам во клуб. Тоа е повеќе потреба што ја чувствувам за мојата глава и тело, да го кревам адреналинот. Денес ретко сум на теренот и не се чувствувам така“, изјави тренерот.

