Селекторот на Франција, Дидие Дешамп ги пофали своите играчи за тешката, но важна победа од 2:1 на гости кај Белгија во Лигата на нации. Франција излезе со прилично експериментален состав и видно беше дека има проблеми, но сепак дојдоа до трите бода од Брисел.
„Првите 25 минути беа многу тешки. Белгија покажа сериозен интензитет во својата игра. Имавме проблеми со задржување на топката во нападот. После тоа можевме да излеземе од притисокот и да создадеме неколку шанси. Во вториот дел подобро ја контролиравме играта“, изјави Дешамп.
„Откако останавме со десет играчи, одигравме по организирано, добро се браневме. Го направивме она што беше потребно. Ова е голема победа. Овој млад тим не беше совршен, но беше награден за напорите кои ги имаше на овој меч“, додаде Дешамп.

