Во пресрет на натпреварот со Австрија вечерва, селекторот на Франција, Дидие Дешамп зборуваше за состојбата на неговиот тим.
„Дали можам да бидам првиот што ќе ги освои светските и европските првенства како играч и тренер? За мене тоа воопшто не е мотивација. Не дојдов на овој свет за да бркам рекорди и да станам единствен. Ова е тим кој ја претставува цела Франција. А, најголемата заслуга за севкупниот успех секогаш имаат играчите, бидејќи тие се оние на теренот и играат на теренот, а не јас. Сè уште ја имам истата желба, истата страст и истата одлучност за победа како порано. Да не беше така, немаше да можам да го водам овој тим. Тогаш веднаш би застанал и би направил нешто друго“, вели Дешамп.
За очекувањата од Франција, но и улогата на фаворит, селекторот на „глските петли“ додава:
„Очекувањата од Франција се многу големи. Ние сме светски шампиони во 2018 година, а станавме втори во 2022 година. Имаме потенцијал и амбиција да ја освоиме титулата, но Еврото е турнир кој бара многу. Гледам седум репрезентации кои навистина ќе бараат победа: Белгија, Англија, Португалија, Холандија, Шпанија, Италија, Хрватска и ние, одредена работа“, изјави францускиот стручњак.