Откако Франција го совлада Мароко со 2:0 и се пласираше во финалето на Светското првенство, во Франција главна тема е евентуалното враќање на Карим Бензема за финалниот меч.
34-годишниот фудбалер се уште е дел од репрезентацијата на Франција, a се врати и на тренинзи, но прашање е дали воопшто ќе биде повикан за неделното финале со Аргентина.
На новинарско прашање за евентуалното враќање на Бензема за финалето, Дешамп само кусо одговор: „Преферирам да не одговарам на ова прашање“.