Селекторот на Франција, Дидие Дешамп беше разочаран од ремито 1:1 на гостувањето кај Унгарија од Евро 2020, но рече дека неговиот тим треба да го прифати резултатот.
„Во првото полувреме, кога требаше да поведеме, примивме гол од нивната единствена шанса. Оваа поддршка на стадионот им даде сила. Тие се бранеа многу добро, како што го правеа тоа против Португалија до 83. минута. Тоа е еден поен. Очигледно не она на што се надевавме, но со оглед на целата ситуација ќе го прифатиме тоа како и да е. Имавме одлични можности во првото полувреме. Требаше да водиме, но не успеавме. Тоа е фудбал. Имавме 45 за да го свртеме целосно резултатот, но не успеавме во тоа и мораме да бидеме задоволни и да го прифатиме овој резултат “, прокоментира Дешамп по натпреварот.

