Напаѓачот на Барселона, Осман Дембеле го напушти составот на Франција, пренесува „РМЦ“. Според изворот, напаѓачот ќе го пропушти продолжението на ЕП бидејќи ќе мора да оди на рехабилирација најмалку три недели за да ја санира повредата на коленото.
24-годишниот фудбалер во претходната сезона учествуваше на 30 натпревари во шпанското првенство, постигна 6 гола и даде 3 асистенции.
На Евро 2020, Дембеле играше на двата меч од групната фаза. Во групата Ф, репрезентацијата на Франција е прва со 4 бодови, Германија и Португалија имаат по 3 а Унгарија е поседна со 1 бод.