Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Дешамп останува селектор на Франција и по СП во Катар
    Фудбал

    Дешамп останува селектор на Франција и по СП во Катар

    risteBy riste11/12/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Францускиот селектор Дидие Дешамп одлучи да остане на функцијата до крајот на Европското првенство во 2024 година. Француските медиуми најавуваа дека Дешамп ќе ја напушти функцијата по Светското првенство во Катар, а на негово место ќе дојде Зинедин Зидан, кој одби неколку понуди, бидејќи чекаше да ја преземе селекцијата на Франција.

    Сепак, челниците на Француската фудбалска федерација (ФФФ) го оставиле Дешамп сам да одлучи. Тој призна дека договорот меѓу него и првиот човек на федерацијата бил да се исполни целта за пласман во полуфиналето и Светското првенство, а потоа да се зборува за неговата иднина.

    Франција синоќа во четвртфиналето на Мундијалот ја совлада Англија (2-1), а во полуфиналето ќе се сретне со Мароко.

    „Одлуката за иднината ја имам во мои раце, па наскоро ќе одлучам. Ќе играме во полуфинале, па ќе видиме што ќе се случи. Убаво е да се постигне целта, која ја постави федерацијата и претседателот Ноел ле Грае. Сакам само да уживам во оваа победа“, одговори Дешамп на прашањето дали ќе остане селектор на Франција и по натпреварот со Англија.

    54-годишниот Дешамп во кариерата беше тренер на Монако, Јувентус и Олимпик Марсеј, а селектор на Франција е од 2012 година. Со Франција го освои Светското првенство во 2018 година, Лигата на нации во 2021 година и беше поразен во финалето на Европско првенство во 2016 година од Португалија. Франција в среда ќе игра против Мароко во полуфиналето на СП во обид да ја брани титулата на 18.декември.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Погба, конечно, се враќа во тимот на Јувентус

    29/01/2023

    Пеп: ме изненади тактиката на Артета

    28/01/2023

    Елмас сакал да го напушти Наполи

    28/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • СП 2023: Франција и Данска во реприза на финалето од 2011
    • Ивановски поразен во финалето на ИТФ турнирот во Тунис
    • Големо признание: Начевски и Николов ќе го судат финалето на СП 2023
    • Франција посилна за Карабатиќ на вечерашното финале на СП
    • Ѓоковиќ по 10-ти пат го освои Мелбурн и се враќа на врвот на АТП листата
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.