Францускиот селектор, Дидие Дешамп, го објави составот на фудбалери со кои ќе замине на Светското првенство во Русија.
Вреди да се издвои дека на Мундијалот нема да патува крилниот напаѓач на Манчестер Ј., Ентони Марсијал, а надвор од составот за Русија остана и Кингсли Коман од Баерн (М) и напаѓачот на Арсенал, Александре Лаказет.
Во последен момент поради повредата заработена во финалето на ЛЕ од тимот отпадна и Дмитри Паје од Олимпик (М).
Голмани: Алфонс Ареола (ПСЖ), Уго Лорис (Тотенхем), Стив Манданда (Марсеј)
Одбрана: Лукас Ернандес (Атлетико Мадрид), Перснел Кимпембе (ПСЖ), Бенжамен Менди (Манчестер Сити), Бенжамен Павар (Штутгарт), Адил Рами (Марсеј), Џибрил Сидибе (Монако), Семјуел Умтити (Барселона), Рафаел Варан (Реал Мадрид)
Среден ред: Нголо Канте (Челзи), Блес Матуиди (Јувентус), Стивен Н’Зонзи (Севиља), Пол Погба (Манчестер Јунајтед), Корентен Толисо (Баерн Минхен)
Напад: Осман Дембеле (Барселона), Набил Фекир (Лион), Оливие Жиру (Челзи), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Томас Лемар (Монако), Килиан Мбабе (ПСЖ), Флориан Товин (Олимпик Марсеј)