Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешам проговори за испаѓањето на неговата репрезентација по поразот на дуелот со Шпанија (1:2) во полуфиналето на ЕП 2024 година.
„Шпанија денес докажа дека е многу добар тим. Имавме среќа да го отвориме резултатот, но противникот ни создаде проблеми бидејќи подобро ја контролираше топката. Денеска Шпанија ги покажа своите вештини. Малку задоцнивме и веројатно не бевме толку свежи, што доведе до некои технички грешки, особено во нашето офанзивно делување. Не одевме доволно често напред, па завршивме онаму каде што требаше“, рече Дешамп.
Во финалето на ЕП 2024, репрезентацијата на Шпанија ќе се сретне со победникот од средбата меѓу Холандија-Англија, која ќе се игра вечерва од 21 часот во Дортмунд.