Македонската фудбалска репрезентација до 21 година oд денеска се подготвува за мечевите на домашен терен против селекциите на Гибралтар и Шведска за пласман на Европското првенство 2025 година.
На 21. март ќе се соочиме со репрезентацијата на Гибралтар. Додека пет денови подоцна на националната арена „Тодор Проески” ќе играме со Шведска.
„ Со нетрпение ги очекуваме дуелите со Гибралтар и Шведска. Играме на домашен терен, што претставува позитивна работа. Сакаме да покажеме дека победата против Шведска во првото коло не беше случајна. Најпрво треба да одиграме меч со Гибралтар“ – вели фудбалерот Стефан Деспотовски во изјавата за сајтот на ФФМ.