Општина Гази Баба во соработка со Атлетската федерација на Македонија денеска во дворот на ООУ Григор Прличев во Железара, го организираше првиот настан за детска атлетика. -Изминатиот период оддржавме неколку средби со Атлетската федерација на Македонија на која разговаравме за повеќе заеднички проекти помеѓу кој е и денешниот реализиран настан. Наредната година како градоначалник ќе иницирам да Општинскиот сојуз на училишен спорт Гази Баба во соработка со Атлетската федерација на Македонија реализира проект за детска атлетика во секое основно училиште на нашата територија“ -напиша градоначалникот Бобан Стефковски на социјалните мрежи.