Тренерот на Рома, Еузебио ди Франческо, и официјално останува на кормилото на римјаните и во следните две сезони. Синоќа од клубот потврдија дека постигнале договор со него за продолжување на соработката.
Ди Франческо во редовите на „римската волчица“ пристигна во 2017 година од редовите на Сасуоло, а со новиот потпис се обврза на договор до јуни 2020 година.
Рома минатата сезона заврши на третата позиција во Серија А, а во ЛШ за малку остана без финале.