Тренерот на Рома Еузебио ди Франческо размислува да поднесе оставка по поразот од Порто и елиминацијата на тимот уште во 1/8-финалето од Лигата на Шампионите.
Тренерот одби да зборува пред медиумите по натпреварот на таа тема, но за неговите размислувања зборуваше крилото на Рома Диего Пероти.
„Тренерот е разочаран, како и сите ние. Елиминирани сме по 120 минути и болно е да бидеш елиминиран на тој начин. Мислам дека заслужуваме повеќе. Порто одигра добро дома и навивачите му дадоа сила, но имавме шанса да победиме. Ние секогаш сакаме да одиме до крај, никој не сака да испадне од Лигата на шампионите. Неколку пати кажав дека го поддржуваме тренерот. Тој ќе одлучи што ќе стори, но ние секогаш сме се бореле за него, за Рома и за целиот стручниот штаб”, изјави Пероти.

