Тренерот на Рома Еузебио ди Франческо, рече дека италијанските навивачи често одат на стадионот за да ги навредуваат противничките играчи, а не да го поддржуваат нивниот тим.
„Јас целосно се согласувам со Анчелоти, и во такви ситуации слободно можеме да го повлечеме својот тим од теренот, ако државата не може да се справи со проблемот на расизмот, ние треба да одговориме на тоа. За жал, навивачите одат на стадионот за да го навредуваат противникот, а не да го поддржуваат својот тим. Дури и навивачите на Рома ги напаѓаат со навреди противничките играчи. Треба да бидеме посилни за да спречиме ваков вид на скандал”, изјави Еузебио ди Франческо.
