Рома го доби првиот натпрева со Порто во 1/8 финалето од Лигата на шампионите,а тренерот на Рома Еузебио Ди Франческо остана задоволен од победата со 2:1 над Порто.
Тој изјави дека жали само поради тоа што неговиот тим прими гол на „Олимпико” и најави дека „Волчицата“ нема да го брани резултатот на реваншот, и дека ќе напаѓаат и ќе се обидат да победат и на „Драгао”.
„Малку жалам за овој резултат, но ги поздравувам фудбалерите за солидна игра, за тоа што направивме толку многу шанси и дека не дозволивме такви пред нашиот гол. Голот кој го примивме не беше всушност наша грешка, беше случајно одбивање на топката. Имаше некои неточности во нашата игра, но тоа е нормално во овие околности. Единствено жалам што не победивме со 2:0, но сум задоволен од нашет претставување”, изјави Ди Франческо.
„Би рекол дека најголемата грешка што може да ја направиме во реваншот ќе биде да застанеме пред нашиот гол и да го браниме резултатот. Ќе одиме таму за да нападнеме. Денес видовме дека дури и најмалата грешка може да промени сè. Им кажувам на играчите и навивачите дека рамнотежата е најважна. Грешки не може да направат само луѓе кои не прават ништо. Секогаш ќе има грешки, но тие се дел од растот на екипата”, додаде Ди Франческо.