Легендарниот италијански фудбалер, Паоло Ди Канио, го коментираше трансферот на Мауро Икарди во редовите на ПСЖ.
Тој посочи дека Аргентинецот е плашливец и дека максимално му одговара сегашниот состав.
„Мене ме чуди што Анчелоти размислувал да го донесе Икарди во Наполи.Тој е плашливец бидејќи нема храброст а ниту образ да им се извини на соиграчите за глупостите што ги зборуваше неговата сопруга Ванда Нара. Неговиот трансфер во редовите на ПСЖ воопшто не ме изненадува“ – вели Ди Канио.