Поранешната ѕвезда на Реал (Мадрид) и актуелен фудбалер на ПСЖ Анхел Ди Марија може да се врати во шпанската престолнина и да заигра во дресот на Атлетико Мадрид, објавија шпанските медиуми.
Според истите извори адвокатот на аргентинскиот репрезентативец се сретнал со спортскиот директор на Атлетико Мадрид Андреа Берт пред неколку недели.
Тренерот на Атлетико Диего Симеоне одамна сака неговиот сонародникот да дојде во екипата која ја предводи. Овој трансфер може лесно да се реализира доколку францускиот репрезентативец Антоан Гризман го напушти клубот и замине во Барселона.
Договорот на Ди Марија со ПСЖ е до летото 2019 година, а според различни информации Аргентинецот не задоволен од фактот што е резерва поради Нејмар, Единсон Кавани и Килијан Мбапе.