Аргентинскиот офанзивен играч за врска Анхел Ди Марија пристигна во Торино за да потпише договор со Јувентус. Медиумите го пречекаа фудбалерот на аеродромот, по што беа објавени фотографии и видеа на социјалните мрежи.
Претходно беше објавено дека на Ди Марија му бил понуден едногодишен договор. Тој е слободен играч од 1 јули, кога му истече договорот со Пари Сен Жермен. Ди Марија одигра 295 настапи за ПСЖ, постигнувајќи 93 гола и 119 асистенции.

