Аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија е многу близу до потпишување на нов договор со францускиот шампион ПСЖ. Според веста на весникот „Ле Паризиен“, поранешниот играч на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ќе стави потпис на договор до 2021 година, откако сегашната соработка со францускиот првак му истекува на крајот на оваа сезона.
Ди Марија и клупското раководството се договориле околу обврските од новата соработка, така што договорот како формалност ќе биде потпишан деновиве.