Легендата на Удинезе, Антонио Ди Натале, потврди дека во минатото одбил да замине во Јувентус и дека во тој период за неговите услуги биле заинтересирани и екипите на Рома и Ливерпул.
„Сакав да останам во Удине бидејќи потпишав договор за 4 години. Станав најдобар стрелец во лигата и бев значаен во тимот, не сакав да променам ништо. Дали жалам за тоа? Не, никогаш. Не е во мојата природа да гледам назад. Задоволен сум од тоа што го постигнав“ – вели Ди Натале со напомена дека имало уште два тима кои конкурирале за неговиот потпис.
„ Ливерпул ме сакаше по секоја цена. Сепак, немаше никаква смисла да заминам во Англија откако го одбив Јувентус. Бев близу до трансфер во Рома кога таму отиде Лучијано Спалети. Тој сакаше да ме однесе со него, но, двата клуба не се договорија“ – изјави Ди Натале.