Фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Диаз, кој игра како позајмен во екипата на Милан, изјави дека сака да остане во редовите на „росонерите“ со перманентен договор и дека нема желба да се врати во Шпанија.
„Милан е одличен клуб, ја чувствувам поврзаноста на фановите. Имав одлични моменти во претходната година“ – вели напаѓачот.
„Таквата ситуацијата продолжува и сега. Навистина сум среќен тука и сакам да останам“ – рече Диаз.