Аргентинскиот фудбалер на Јувентус, Паоло Дибала, кој не ја прифати понудата од 12 милиони евра за да потпише нова соработка со клубот, може да биде ставен на трансфер-листата.
Водечките луѓе на „старата дама“ му понудија плата од 10 милиони евра која заедно со бонусите достигнува и 12 милиони, но, тоа не му е доволно на напаѓачот кој сега преку неговиот агент постави нови услови и побара плата од 15 милиони евра.
Доколку двете страни не успеат да најдат заеднички јазик, тогаш Дибала може да го напушти Торино бидејќи за неговитe услуги е заинтерeсиран тимот на Реал Мадрид.