Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала е повреден, пренесе прес-службата на клубот од Торино.
Во текот на вчерашниот ден, Аргентинецот бил подложен на лекарски преглед, со кој се открило дека тој имал повреда на мускулите во левиот бут. Во наредниот период, Пауло ќе биде под медицински надзор. Времето за санирање на оваа повреда сеуште не е одредено.
Јувентус ја обезбеди титулата шампион на Италија на две кола пред крајот. На 36 натпревари, екипата на Јувентус освои 83 поени и е со 7 бода пред најблискиот ривал, Интер. Во преостанатите натпревари, Бјанконерите ќе играат против Каљари и Рома.
Дибала оваа сезона учествуваше на 33 натпревари од италијанската Серија А. 26-годишниот напаѓач има 11 голови (1 од пенал) и 6 асистенции.

