Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала денеска пред навивачите на тимот ќе го одигра последниот натпревар во дресот на „Старата Дама“. На Аргентинецот му истекува договорот и сега е јасно дека нема да го обнови. Тој ја користи можноста да се прости од фановите со емотивна објава на Инстаграм.
„Тешко ми е да најдам зборови за да се збогувам со вас. Поминаа толку многу години и имавме толку многу емоции заедно. Очекував да останеме заедно уште неколку години, но судбината не испрати по различни патишта. Нема да заборавам се што ми дадовте, секој натпревар, секој гол.. Учев со тебе, го живеев мојот сон. Ова беа седум магични години со 12 трофеи и 115 гола кои никој не може да ми ги одземе. Никогаш. Ви благодарам за поддршката во тешките моменти. Им благодарам на сите кои беа со мене во тешките моменти низ годините – од првиот до последниот, од навивачите до луѓето во клубот, сите тренери и соиграчи, вработени и директори“, напиша Дибала.

