Фудбалерот на Јувентус Пауло Дибала се враќа со повреда на коленото по натпреварот за репрезентацијата на Аргентина.
Тој настапи на средбата која неговата селекција ја загуби од Бразил синоќа со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Миранда во судиското надополнување на оваа средба.
Дибала остана на теренот до 57 минути, а откако беше заменет веднаш стави мраз на коленото. Според информациите, ѕвездата на Јувентус ќе треба да помине дополнителни лекарски прегледи по неговото враќање во Торино за да се дознае сериозноста на неговата повреда.
Овој викенд, Јувентус ќе се сретне со Џенова, а Дибала, најверојатно, ќе добие пауза бидејќи следната недела екипата од Торино ќе игра против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите.