Напаѓачот на Јувентус и Аргентина Пауло Дибала има ретка можност да игра заедно со Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Со Меси е партнер во аргентинската репрезентација, а со Кристијано Роналдо е соиграч во шампионот на Италија.
„Роналдо е одличен фудбалер. Имам шанса да можам да играм со двајцата”, коментираше Дибала.
Овој фудбалер не се грижи поради тоа што по доаѓањето на Кристијано тој не може да добие доволно шанса во Јуве.
„Сезоната е долга. Секоја средба е незгодна и мора да се потрудиме да победиме. Јас треба да се подготвам за следниот натпревар. Освен тоа почнуваме и натпревари во ЛШ – па мора да тренирам напорно”, додаде 24-годишниот фудбалер.