Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала може да се пресели во Англија , објави „Кориере Дело Спорт“.
Според истите, интерес за Аргентинецот покажуваат лондонски Арсенал и Њукасл, додека работата не е дојдена до конкретни преговори. Самиот Пауло Дибала сакал да ја напушти Италија, но доколку не најде соодветна опција во Европа, може да замине во Интер од Милано.
Претходно беше објавено дека за 28-годишниот фудбалер се заинтересирани француски ПСЖ и милански Интер, но и Атлетико Мадрид.
Дибала е во Јувентус од 2015 година. Напаѓачот постигна осум гола и даде пет асистенции на 22 натпревари во Серија А оваа сезона. Тој има и три гола и една асистенција на пет натпревари во Лигата на шампионите.