Напаѓачот на Јувентус, Паоло Дибала кој остави одличен впечаток на вчерашното дерби со Интер во Серија „А“, најверојатно ќе добие понуда за нов договор, објавија денеска медиумите во Италија.
Според нив, челниците на „старата дама“ биле многу задоволни од тоа што го покажува Аргетинецот и затоа имаат намера да му понудат продолжување на соработката со далеку пoдобри финансиски параметри. Интересно е тоа што младиот играч кој во текот на изминатото лето беше ставен на трансфер листата, сега се претвори во еден од најзначајните играчи на Јуве.
Медиумите проценуваат дека Дибала ќе се согласи да потпише нов договор и дека во истиот ќе има откупна калузла поголема од 100 милиони евра.

