Аргентинскиот напаѓач на Рома, Паоло Дибала, доживеа повреда на лигаментите која ќе го одалечи од фудбалските терени околу еден месец.
Тој на мечот со Калјари мораше пред време да го напушти теренот а дополнителните лекарски прегледи покажале дека не се работи за кинење на лигаментите.
Дибала ќе ги пропушти претстојните натпревари на Аргентина со Парагвај и Перу во рамките на квалификациите за Мундијалот во 2026 година.