Челниците на фудбалскиот состав Јувентус му поставиле ултиматум на Паоло Дибала кој не сака да ја продолжи соработката бидејќи не му се исполнети финансиските побарувања.
Познато е дека Аргентинецот бара плата од 15-20 милиони евра годишно додека „старата дама“ му нуди максимални 10 милиони.
Медиумите во Италија објавија дека управата му поставила ултиматум на напаѓачот да го прифати понуденото или догодина ќе биде продаден.

