Фудбалскиот состав Интер дефинитивно се откажа од преговорите со Паоло Дибала откако успеа во намерата да го врати Ромелу Лукаку.
Новинарот, Џанлука Ди Марцио, тврди дека ситуацијата е драстично променета иако до пред некој ден „нероаѕурите“ имаа серија контакти со агентите на Аргентинецот.
Според одредени најави, Дибала може да замине во шпанската Севилја која му нуди годишна плата од 3 милиони евра.