Напаѓачот на Јувентус Паоло Дибала секако дека беше незадоволен од поразот со 1:2 од Јанг Бојс во последниот натпревар во групата Х“ од Лигата на шампионите.
Средбата беше без значење и за двата тима, но Швајцарците постигнаа успех и победија за престиж. Аргентинскиот голгетер, смета дека овој пораз ќе биде лекција на неговиот тим. Токму тој беше стрелец на голот за екипата од Торино, а на крајот постигна уште еден погодок кој беше оправдано поништен поради офсајд.
„Не сум го гледал поништениот гол, но најважно е дека победивме во групата, благодарение на победата на Валенсија над Манчестер Јунајтед. Пропуштивме многу шанси во првото полувреме и дозволивме на противникот да добие самодоверба. Сепак реагиравме на крајот и постигнавме два гола, иако едниот мој гол беше поништен. Овој пораз боли, затоа што сакавме да дојдеме до нова победа. Но, тоа ќе ни биде лекција за иднина”, смета Дибала.
Тој беше запрашан и за претстојнат ждрепка во понеделник: „За да победиме Лигата на Шампионите, треба да ги победиме сите, па не е важно со кого ќе се сретнеме во следната фаза” изјави Дибала.

