Напаѓачот на Јувентус и репрезентацијата на Аргентина, Пауло Дибала, на својата страница на Инстаграм изјави дека тој и неговата девојка се заразиле со коронавирусна инфекција.
„Здраво на сите, само сакав да ве известам дека ги добивме резултатите од тестот COVID-19. Јас и Ориана имаме позитивен резултат. За среќа, ние сме во совршени услови. Ви благодарам за вашите пораки“, напиша Пауло Дибала.
Дибала е третиот играч на Јувентус кој е позитивен на тестот на коронавирус. Претходно, позитивен тест имаше дефанзивецот Даниеле Ругани и играчот од средниот ред Блез Матуиди.