Фудбалерот, Пауло Дибала, денеска на специјална прес-конференција беше претставен како летно засилување за екипата на Рома.
Напаѓачот пред новинарите проговори како го напушти Јувентус и зошто се определ да го облече дресот на „волчицата“.
„Повикот на Мурињо беше вистинско уживање. Првиот пат го направивме тоа заедно со Пинто а потоа еден ден одеднаш ми пиша и повторно разговаравме и мислам дека така се случи“ – вели Аргентинецот.