Аргентинската фудбалска ѕвезда на Јувентус, Пауло Дибала, не е задоволен од условите во понудениот договор и планира да го напушти тимот од Торино, објавија дел од медиумите во Италија.
Тој во сезонава има девет голови и четири асистенции во 20 меча за „старата дама“.
За неговите услуги се заинтересирани англиските Манчестер Јунајтед и Тотенхем како и шпанската Барселона.

