Во натпреварот од 34. коло на италијанската Серија А, Сасуоло го пречека Јувентус. Средбата се одигра на стадионот „Мапеи“во Реџо Емилија и заврши со победа на гостите од 2:1.
Еден од погодоците на оваа средба беше дело на напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала. Овој гол беше 81.гол на Дибала за Јувентус во италијанското првенство. Така Дибала се израмни според бројот на голови на поранешниот напаѓач на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој моментално настапува за Манчестер Јунајтед.
По 34 одиграни кола, Јувентус се наоѓа на четвртото место во италијанската Серија А со 66 бодови. Сасуоло е на 10. место со 46 бодови.