Аргентинскиот играч за врска Пауло Дибала се согласил на договор со Интер, објавија медиумите во Италија.
Според истите, договорот меѓу двете страни ќе биде на четири години, а Аргентинецот ќе добива околу 6 милиони евра годишно, без бонуси. Со бонуси, износот може да се зголеми до 8 милиони евра годишно. Играчот од средниот ред го чека лекарски преглед и договор за потпишување.
Дибала наскоро ќе го напушти Јувентус и ќе стане слободен играч.
Да потсетиме дека Дибала за Јувентус игра од 2015 година. Во сезоната 2021/2022, 28-годишниот аргентински фудбалер учествуваше на 29 натпревари во италијанскиот шампионат, на кои постигна 10 гола и даде пет асистенции. Тој има и три гола на пет натпревари во Лигата на шампионите.