Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Дибала се враќа на теренот, а договорот со Јувентус е веќе постигнат
    Фудбал

    Дибала се враќа на теренот, а договорот со Јувентус е веќе постигнат

    risteBy riste11/10/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вториот капитен на Јувентус, Пауло Дибала ќе остане и понатаму во дресот на Јувентус, а веќе е најавено дека ќе продолжи со тренинзите утре, објави „Скај Спорт Италија“.

    Аргентинецот имаше истегнување на бутот на натпреварот против Сампдорија и ги пропушти последните два натпревари на својата екипа против Челзи (1:0) и Торино (1:0). Поради повредата, Дибала го пропушти и натпреварите од светските квалификации на Аргентина. Напаѓачот веќе се опорави и ќе му биде на располагање на главниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, како подготовка за дербито против Рома на 17 октомври.

    Од друга страна денес беше објавено дека Дибала постигна договор со Јувентус и дефинитивно е ставено крај на сите дилеми околу неговата иднина.

    Според медиумите од Торино, Аргентинецот останува во клубот, а новиот договор се очекува да биде потпишан со важност до 2026 година. Тој пристигна во 2015 година од Палермо, неговата цел е да биде странец со најдолг стаж во Јувентус, да го собори рекордот на Давид Трезеге. Пауло Дибала ќе го добие најголемиот договор во Серија А. Според договорот, тоа се 10 милиони евра плус бонуси, што е некаде во границите на она што тој го посакуваше.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Штипјани на 26 јуни ги почнуваат подготовките за новата сезона

    09/06/2023

    Лацио ги договори Берарди, се чека „амин“ од Сасуоло

    09/06/2023

    Ливерпул го договорил и второто засилување

    09/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Штипјани на 26 јуни ги почнуваат подготовките за новата сезона
    • Лацио ги договори Берарди, се чека „амин“ од Сасуоло
    • Ливерпул го договорил и второто засилување
    • Миленкоски за Спортско радио 90.3 фм: Белгија и Хрватска ќе сакаат реванш, Украина ќе биде вистински евро-тест
    • АБА финалето ќе почне на 13 јуни
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.