Аргентинскиот фудбалски напаѓач, Пауло Дибала , по повеќе од еден месец успеа да ја добие битката со корона-вирусот.
Неговиот тим Јувентус пред неколку дена потврди дека Дибала конечно се опоравил и дека може да се вклучи во планираните активности. Аргентинецот вчера ги направил лекарските преглед во центарот за обука на „старата дама“ по што добил дозвола да се приклучи на тренинзите.
Тој во почетокот ќе работи одделно а дури потоа ќе може да им се приклучи на другите фудбалери.