Пауло Дибала се договори со Јувентус за продолжување на соработката. Според новиот договор, тој ќе биде поврзан со клубот до 2025 година, пренесува „Газета дело Спорт“.
Договорот ќе биде потпишан и ќе стане официјален веднаш штом агентот на играчот ќе пристигне во Италија. 26-годишниот Аргентинец ќе добие покачување на платата, како и некои клаузули кои ќе содржат бонуси за одредени достигнувања. Дибала во моментов заработува 7,5 милиони евра по сезона. Оваа сезона напаѓачот има седум гола и девет асистенции на 24 натпревари од првенството.
Тој беше близу да замине минатото лето и преговараше во Тотенхем и Манчестер Јунајтед, бидејќи Јувентус сакаше да се раздели со него. Сепак, тој одби да замине и му покажа на клубот колку е вреден.