Голот постигнат против Парма во натпреварот од 17. коло на италијанската Серија А, кој се одигра денес беше 126. за аргентинскиот напаѓач во екипата на Рома, Пауло Дибала во Серија А.
31-годишниот фудбалер дојде пред поранешниот напаѓач на Наполи и Јувентус, Гонзало Игуаин (125) и се најде на третото место по овој показател. Подоцна Дибала постигна уште еден гол на оваа средба и дојде до 127 гола во италијанската фудбалска елита. Пред Дибала во моментов се неговите сонародници Ернан Креспо (153) и Габриел Батистута (184).
Дибала во италијанското првенство настапува од 2012 година, кога се пресели во Палермо, за кого настапуваше до 2015 година. Аргентинскиот фудбалер потоа стана играч на Јувентус, каде играше до летото 2022 година. Актуелниот договор на Дибала со Рома е до летото 2025 година.

