Весникот – „Газета дело спорт“ денеска објави, дека челниците на Интер и агентите задолжени за трансфер на фудбалерот, Паоло Дибала, во текот на работната недела ќе имаат средба за да ги договорат условите за трансфер.
Понудата на „нероаѕурите“ е 3 + 1 година со фиксна плата од 6 милиони евра и уште 1 милион во форма на бонуси.
Аргентинецот кој летото го одработи договорот со Јувентус, деновиве е на одмор во Мајами.