Рускиот интернационалец во редовите на Вардар, Тимур Дибиров, очекува тежок меч на теренот на Порто во Лигата на ракометните шампиони. Средбата на Пиринеите ќе биде одиграна в четврток во 20.45 часот.
„Порто е целата репрезентација на Португалија. Ги гледав во Египе дека одиграа одлично. На истиот начин игра и Порто. Многу се опасни на сите позиции а посебно на домашен терен“ – вели Дибиров.
„Ако сакаме да напредуваме мораме да започнеме од Порто. По два месеца без меч, полека влегуваме во ритам и очекувам екипата да биде многу подобра“ – изјави крилото на „вардарци“.